НаТочак: Ослободување на тртоарите од паркирани возила

Граѓанската иницијатива НаТочак испрати писмено барање до градоначалниците на 10 скопски општини, нивните совети и раководители на релевантни сектори во општините, барајќи почитување и спроведување на законската надлежност која ја имаат за штитење на јавниот интерес на локално ниво во полето на урбанистичкото планирање, изградба, реконструкција на улици и регулирање на режимот на сообраќајот, справување со проблемот со непрописно паркирање, унапредување на здравјето, согласно член 22 од Законот за локална самоуправа, кој евидентно не се почитува доволно.

 

„Во изминатите години сведоци сме како Град Скопје ослободи и уреди многу од пешачките и велосипедските патеки на примарната мрежа. Но, општинските улици премногу заостануваат во тој поглед. За да биде пешачењето и возењето велосипед безбедно и удобно, предлагаме општините самостојно, во меѓусебна соработка и соработка со Град Скопје да почнат да работат веднаш на пет предлози кои ги даваме, а се во доменот на нивната законска обврска“, велат од НаТочак.

Тие предлози се однесуваат на ослободување на тротоарите од паркирани возила и урбана опрема и нивно подобрување каде постои потреба, создавање на задоволителна велосипедска локална мрежа бидејќи велосипедските патеки исклучиво на булеварите не се доволни за создавање на сигурно и достапно движење, нула жртви во сообраќајот преку издвоена велосипедска и пешачка мрежа, ограничување на брзината на 30км/час за најголем дел од мрежата, освен булеварите, или 20км/час каде што сите учесници во сообраќајот ја користат истата коловозна лента, редизајнирање на улиците во насока на поголема безбедност, возможно, достапно и безбедно паркирање на велосипеди, особено за нови објекти, како и поттикнување на овој тип на здрав, зелен сообраќај преку субвенции.

Петте точки се во насока на обезбедување на непречено движење и безбедност на сите категории граѓани, а не движење кое предизвикува револт и загрозување на човечкиот живот. Додека изминатите години се работеше на подобрување на примарната велосипедска и пешачка инфрастуктура што во комбинација со субвенициите за велосипеди на повеќе општини директно придонесе бројката на велосипедисти да расте од година во година, локалната патна мрежа не успеа да се прилагоди на новонастанатите промени во користењето на превозните средства, доведувајќи ја во прашање безбедноста на најранливите учесници во сообраќајот. Поради тоа, НаТочак, неформалното здружение за урбан велосипедизам, бара дадените предлози и сугестии да бидат разгледани сериозно и вклучени во општинските буџети.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе