Народната банка добила закана за поставена бомба

Во Народната банка во тек е евакуација на вработените откако утрово на електронска адреса била примена закана за поставена бомба во објектот. Потврда МКД.мк доби од МВР. Станува збор за прва закана за поставена бомба во централната банка, а во изминатиов период, ова е прва закана кон институција која не е образовна, односно изминатите недели имаше пријави за бомби во училишта. Од Народната банка за МКД.мк велат дека евакуацијата се извршува во најдобар ред и дека останува од МВР да бидат известени дали ќе можат да продолжат денеска со работата.

Фото: Роберт Атанасовски

„Околу 9.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Исто така, денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во информацијата од МВР.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе