Нападнат и повреден советникoт Илиевски кој не се согласувал со ВМРО-ДПМНЕ, информира Општина Карпош

„Утрово е нападнат советникот во Општина Карпош Александар Илиески од непознато маскирано лице. Нападот се случил во 7.40 часот пред трговскиот центар Антико во Карпош 4, додека Илиевски одел на работа. Непознатиот напаѓач ненадејно го нападнал при што му задал неколку удари во лицето од кои му нанел видливи повреди. За среќа, инцидентот бил забележан од граѓани кои притрчале на помош, по што напаѓачот избегал“, соопшти Општина Карпош и нагласува дека Илиевски е од ВМРО-ДПМНЕ, но изразувал несогласувања со одлуките на партијата.

„Илиески, кој е дел од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош во изминатиот период јавно изразуваше несогласување со политиките и одлуките на партијата. Поради неговите ставови, советникот во повеќе наврати се жалеше дека добивал сериозни закани по живот преку СМС пораки од непознати броеви, како и од страна на висок општински функционер во ВМРО-ДПМНЕ во разговор со неговиот татко. Од Илиески се барало да се откаже од советничката функција во Општина Карпош, а за возврат партијата би му ги исплатила паушалите до крајот на советничкиот мандат. Доколку не го стори тоа му било порачано дека може да му се случат 'лоши работи'. Сите овие закани веќе се пријавени во МВР.
Александар Илиески, веднаш по инцидентот беше во полициска станица Карпош каде што даваше изјава за физичкиот напад“, се вели во соопштението од Општината.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе