Чести интервенции на затната канализација

Најлони, земја, предмети, влажни марамчиња... секојдневно се вадат од шахтите

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до сите корисници на услугите на претпријатието, односно на канализацискиот систем, во него да не одлагаат отпадни материјали кои не се подлежни на разложување (како влажни марамици, најлони...), предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, со цел заштита на системот, негова нормална функционалност и превенција од затнување и излевање на отпадната вода. Од претпријатието велат дека често интервенираат со вработени и со употреба на цистерни под притисок заради немарноста и некултурата на дел од граѓаните.

„Во текот на мината ноќ, екипите на секторот Канализација, на улицата „Индира Ганди“, во Шуто Оризари, работеа на чистење и одзатнување на главна фекална канализациска линија, со дијаметар на цевка 250мм, полна со шут, песок, текстилни материјали, влажни марамици... За одзатнување на мрежата беа ангажирани две цистерни (под притисок и вакуум) и вакуум пумпа со голема моќност. Апелираме ваквото неодговорно однесување да се запре за доброто на сите корисници, како и заштита на средината во која живееме. Опасноста од ваквото однесување не е закана само за канализацискиот систем, туку е и закана по животната среднина и здравјето на луѓето, особено во период на зголемени дневни температури", велат од секторот Канализација на претпријатието.

Со апелот граѓаните се информираат дека за одлагање на кабастиот отпад да се обратат до општинските комунални служби или до ЈП Комунална хигиена.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе