Најавувам инвестиции од 1,5 милијарди евра во Карпош, изјави градоначалникот

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски во обраќање во живо преду Фејсбук најави инвестиции во износ од 1,5 милијарди евра, и нагласи дека таквата сума би претставувала голема дури и за државата. Тој исто така се пофали дека по речиси пет години, Општина Карпош од 10 август има деблокирана сметка, зашто од 5,5-те милиони евра долгот на Општината го намалил на 1,5 милиони евра. Рече дека за репрезентација не е потрошен ниту еден денар, дека не користи службен телефон, а службениот автомобил многу ретко се вози.

„Најавувам дека во општина Карпош ќе се случат инвестиции во висина од милијарда и пол евра! На одлуки на Советот и на мојот ангажман чекаат инвестиции од милијарда и пол евра. Ќе се согласите дека се тоа големи пари и за Република Македонија, а не само за општина Карпош. Јас максимално ќе работам да ги отвориме вратите за овие инвестиции, а со тоа да се зголемат и приходите во општината. Со тоа граѓаните да можат да добијат многу поквалитетна услуга“, рече градоначалникот.

Тој откри дека деновиве ќе се стави камен темелник на голема турска инвестиција во Бардовци.

„Една турска компанија ќе гради 65 типски куќи во атарот на Бардовци. Комуналиите се уплатени, одобрението сме го издале. Чекаме да стане правосилно. Ќе се потрудиме како општина, веќе наредната година да обезбедиме соодветна инфраструктура. Наскоро ќе имаме градба од левата страна на Вардар. Тоа е фирмата 'Голден арт', што значи почнуваме да го развиваме и тој дел. Продолжуваме интензивно да работиме на соработка со советниците во општина Карпош, на изработка на Детални урбанистички планови кои се потребни за граѓаните“ рече Јакимовски.

Во врска со враќањето на долговите на Општината и деблокираната сметка тој нагласи:

„Во моментов долгот на Општина Карпош изнесува 87.500.000 денари со 10.500.000 ДДВ, или вкупно околу 100 милиони денари, (1.5 милиони евра). Кога повторно дојдов на чело на локалната самоуправа на 4 ноември, општината имаше долг од 5.5 милиони евра, значи до сега сме вратиле 4 милиони евра и имаме деблокирана сметка. Ова го постигнавме со исклучително вредна и внимателна работа, пред сѐ со работа за зголемување на приходите. Секогаш тврдев дека зголемувањето на приходите е од витално значење. Ако имате големи приходи, расходите лесно ќе се покриваат. Во 2016 година имавме 11 милиони евра приходи, во 2017 година 9 милиони евра приходи, за потоа новото раководство да падне на 5,2 – 5,3 милиони евра. Тоа е клучната причина зошто општината влезе во ваква стагнантна состојба“, рече градоначалникот.

Тој додаде дека максимално се штедело на секој план.

„Штедевме на електрична енергија, на начин на кој што сега го применуваат и други градови во Европа. Неодамна прочитав дека Келн после 11 часот ќе гаси улично осветлување. Немаме денар потрошено за репрезентации. Не користам службено возило, многу ретко. Не користам службен телефон. Немам службени патувања... сѐ што можевме да заштедиме- заштедивме. Очекувам до Нова година долговите да ги спуштиме на околу петстотини до шестотини илјади евра. Тоа значи дека ќе имаме повеќе пари за субвенционирање на обуки за полање на возачките дозволи, за учениците, за нашите млади жители. Ќе имаме повеќе средства за покриви, за лифтови, за фасади, ќе обезбедиме конечно средства за дозавршување на општинската зграда, за социјалните програми, што значи започнува општината нормално да функционира, како што доликува на општина Карпош, да биде една моќна и силна општина“, рече Јакимовски.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе