МВР

Најавен е протест против пресудата за „Монструм“, изменет сообраќаен режим во Скопје

СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќајот на неколку улици во Скопје поради протестот против пресудата за „Монструм“ најавен во 13,30 часот, кој ќе почне од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата.

Затворени за сообраќај од 13,30 часот до завршување на протестот ќе бидат улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, соопшти МВР.

Од СВР Скопје апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе