Награди „13 Ноември“ за придонес за напредок на Скопје

По повод Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември вечерва во Филхармонијата беа доделени 13-ноемвриските награди на овогодишните добитници, кои дале својот придонес за напредок на Градот Скопје.

Добитници на наградата „13 Ноември" за 2021 година се:

Од областа на науката – проф. д-р Денко Малески и д-р. Емил Ниами

Од областа на образованието и воспитанието – проф. д-р. Мишо Докмановиќ.

Од областа на публицистиката – Слободан Петровиќ.

Од областа на културата – Ирена Колиштрковска-Настева и Лилјана Пандева

Од областа на уметност – Емилија Џипунова.

Од областа на здравствена заштита – Тим за имунизација од Ковид-19, при Здравствениот дом – Скопје и медицнски тим на доктори кои ја изведоа првата операција во Македонија, имплантација на вагус нерв стимулатор, кај пациент со епилепсија отпорен на лекови.

Од областа на меѓународна награда – Раде Шербеџија

Од областа на ученици и студенти – Сандра Недановска, од правни лица Институтот за македонска литература – Скопје и општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ и село Стајковци, Општина Гази Баба.

На 1 ноември беше спроведено тајно гласање од страна на Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, по што претседателката на Комисијата, Вангелина Мојановска ги соопшти добитниците за 2021 година.

Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.  

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе