Општина Кисела Вода

Набавена нова опрема за градинката „Расадник" и градинката во„Пржино"

Општина Кисела Вода ги реализира заложбите за подобрување на условите за децата во градинките.

За потребите на детската граника „Расадник" набавени се 300 нови душеци за рекс креветчињата, нова постелнина, нови градеробери, плакари за складирање на детските креветчиња, теписони за игра, повеќе пластични анатомски столчиња, нови 124 детски дрвени столчиња и 23 масички. Покрај ова, во објектот „Расадник" целосно обновени се седум тоалети, информираат од општина Кисела Вода.

Оттаму додаваат дека за градинката во населбата Пржино набавени се 200 душеци за детските рекс креветчиња, нова постелнина, детски столчиња и масички, теписони за игра, гардеробери за сите простории, потемнувачки зебра завеси, клупи за соблекување/облекување чевли и анатомски пластични столчиња.

„Објектите на „8 Март", „Пепрутка 1 и 2" опремени се со нови душеци за бебешки креветчиња,  анатомски пластични столчиња и повеќе теписони за игра и забава на децата. Нови теписони набавени се за објектите „Стапалче", „Ѕуница" и „Зелениково"“, се вели во соопштението од Општина Кисела Вода. 

Од Општината најавуваат дека ќе продолжат со активности за обнова на градинките. 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе