„На точак“: Да се укине усвоениот регулациски план за Влае 2, ова не е велосипедско Скопје

Граѓанската иницијатива „На точак“ бара итно укинување на регулацискиот план за Влае 2 и негово враќање на доработка (т.н. Градска четврт СЗ 19) затоа што смета дека ќе се оневозможи формирање  функционална велосипедска мрежа во овој дел на градот.

„Во моментот, во овој дел постои државно земјиште и потенцијал за изградба на попречна велосипедска врска низ Влае, линеарен парк за жителите и безбедни тротоари до училиштето „Димо Хаџи Димов“. Велосипедската врска би можела да поврзе две постоечки велосипедски патеки на растојание од речиси еден километар, но, со вчерашното усвојување на планот од страна на Град Скопје, оваа можност ќе се укине, бидејќи тој слободен простор се пренаменува за домување. Ова е воедно и единствената можност за поврзување на бул. „Партизански одреди“ и ул. „Васил Чакаларов“ со попречна патека“, наведува Граѓанската иницијатива „На точак“.

Во овој план, опфатенa e населбата Влае 2 – од Порта Влае на запад до реката Вардар на исток. Тој ги вклучува и просторот спроти ОУ „Димо Хаџи Димов“ и „Кино Влае“, како и просторот покрај улицата „Ангел Динев“ кои, исто така, од јавен простор се претвораат во станбен.

Иницијативата извесно време работи на предлог-решение за овој простор кој предвидува и линеарен парк, но за овој регулациски план, како што велат, дознале вчера, на самиот ден на закажаната седница на Град Скопје, така што немале можност да дадат предлог.

„Ако градот се грижи за јавниот интерес и ако навистина се залагаат за велосипедско Скопје и за Скопје – зелена престолнина, овој план мора да биде повлечен. Доколку овој простор остане  јавна површина и се уреди со парк, зеленилото би било трипати поголемо од сега предвиденото со новиот план“, велат од иницијативата.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе