На точак - Бараме мерки за ноќните ѕверки

Само во месец јули во државата загинаа двајца велосипедисти и двајца пешаци до сега, а има и уште неколку повредени. 87-та Критична маса која ќе почне на 28 јули во 21 часот од плоштадот Македонија е именувана „Бараме мерки за ноќните ѕверки“ и е посветена на безбедноста во сообраќајот и на системските промени што треба да се направат за да се заштитат поранливите.

Граѓанската организација На точак бара сериозни инфраструктурни интервенции на сообраќајниците во градот што ќе ја намалат брзината на автомобилите и ќе обезбедат патот за најранливите учесници да биде најбезбеден, а не обратно. Истовремено, тие  апелираат во полициските билтени, официјалните статистики, обвиненијата и медиумите да престанат да се употребуваат термините „сообраќајна несреќа“ и „незгода“ за случаи каде што има свесно несовесно возење.

Утре вечер ќе се вози и за сите жртви на сообраќајните убиства во Скопје, а како дел од возењето е предвидено и поставување бел точак (ghost bike) во Скопје на пешачкиот премин на булеварот „Кочо Рацин“ каде Билаљ Љамалари кој беше прегазен и кратко потоа го изгуби својот живот.

„Ова е трет ваков точак што ние заедно со скопските велосипедисти го поставуваме во Скопје, и се надеваме дека ќе биде последен. Редно време е институциите да се запрашаат дали можеле да го спречат ова убиство во сообраќајот, да преземат дел од одговорноста и да почнат да ги спроведуваат мерките што веќе со години ги бараме“, изјавија од На точак.

 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе