На сметка на Градот Скопје се гоштевале по ресторани и за време на локалните избори

Бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони... се нарачувале на сметка на Град Скопје за време на локалните избори од советници на СДСМ и припадници Противпожарната бригада на Скопје како дел од прославата за „добрата“ зделка со противпожарната скала од 1,7 милиони евра.

 
Советничката на Град Скопје Љубица Јачева за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, без проблем на сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар.  
И Владимир Симоновски командирот на Противпожарната бригара на Скопје во два наврати потпишува сметки за репрезентација како дел од прославата за набавката на противпожарната скала од 1,7 милиони евра. Инаку, за оваа набавка во Државната комисија за спречување на корупцијата е отворен случај.
Претходниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов склучил договори со три ресторани за угостителски услуги (со попуст од 10%), а од годинава со одлука на новата градоначалничка Данела Арсовска средствата се пренаменија за Ретвитни оброк и за Црвен крст.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе