Општествено одговорни компании се согласија и бесплатно да го украсат градот иако тоа доцнеше 10 дена, па наместо на 10-ти Скопје светна на 20 декември. Градоначалничката Данела Арсовска го раскина договорот за китеење од 240.000 евра со „Линк медиа плус“ кој го склучил претходниот градоначалник Петре Шилегов.
Сепак, Арсовска ќе ја продолжи традицијата на новогодишниот базар „Винтерленд“, за кој од буџетот се одвоени 33.000 евра.