На Партизанска кај Симпо се вади новиот асфалт (ФОТО)

По вчерашната објава на МКД.мк за појавени дупки и пукнатини на новиот слој асфалт што само пред еден месец беше ставен на булеварот Партизански одреди во Скопје кај автобуската станица кај Симпо, од утрово на овој дел од булеварот интензивно се работи. Се гледа дека се гребе новиот слој асфалт и белким од утре ќе се асфалтира со поквалитетни материјали кои нема да бидат уништени за само триесетина дена.

По вчера објавените фотографии на МКД.мк за уништен асфалт поставен пред само еден месец, град Скопје вчера ја демантираше оваа информација и соопшти дека на Партизанска сѐ уште се во тек градежните работи и дека асфалтот не е оштетен по реконструкција.

„Претходно, беше извршена санација на коловозот пред автобуските стојалишта (пред Симпо) и поставен времен асфалтен слој сѐ додека не се постави финален асфалтен слој на потегот од улицата со Франклин Рузвелт до раскрсницата со булеварот 8 Септември, како што е предвидено во проектот за реконструкција. Периодов, се работи на реконструкција на коловозот пред автобуските стојалишта од спротивната страна на булеварот Партизански одреди (наспроти Симпо)“, стои во соопштението на Град Скопје.

Еве како изгледаше вчера на Партизанска кај Симпо

Со оваа реконструкција ќе се изврши гребење на постојниот асфалт и ќе се нанесат два слоја асфалт на шесте летни на потег во должина од околу 900 метри, или околу 1.900 метри во двата правци, велат од град Скопје.

Сепак, од утрово пред Симпо се гребе новиот асфалт.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе