Одложен велосипедскиот марш за отстранување на линданот

Одложен е велосипедскиот марш и настан со наслов „На денешното мени – линдан“, организиран од Македонско еколошко друштво и Центарот за истражување и информирање за животната средина Екосвест организира за подигнување на јавната свест за отстранување на линданот од малата депонија во фабриката ОХИС и за информирање за штетноста на овој хемиски отпад.

Настанот, кој требаше да се состои од возење велосипеди по маршрута од Парк „Жена Борец“ – ОХИС, обраќање на претставници на МЕД и Екосвест, испишување на пораки за чистење на линданот, сликање во фотобут – порака „Сакаме иднина без отрови“ и поставување знак за чистење на линданот на оградата од ОХИС, е одложен на неодредено време.

Линданот е бела прашкаста материја, хемиско органско соединение што го нема во природата, а се произведувалo по индустриски пат при хемиски процеси за добивање препарати за превенција од штетници и болести во земјоделството, шумарството и ветеринарството и третман на вошките и шугата кај луѓето. Во светот е забранет за користење од 2006 година. За секој тон создаден линдан, се создавале дополнителни 6-10 тони други HCH изомери како нус продукти. Затрупаниот линдан во Охис е нуспродукт од производството што завршило во 70-те години на 20 век.

Денешниот настан беше организиран во рамките на компонентата за подигнување на јавната свест како дел од комплексниот проект „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на активности за чистење на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и γ-HCH (линдан) во ОХИС“, координиран од Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи при Министерството за животна средина и просторно планирање, финансиран од ГЕФ и УНИДО, со којшто е предвидено отстранување на малата депонија со линдан од кругот на „Охис“ оваа година.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе