Јавен повик

На „Бела ноќ“ на 26 септември дозволени се сите уметнички форми на отворено

ЈУ Универзална сала и Град Скопје распишаа јавен повик за доставување предлог-концепти од областа на сите видови уметност за 16. манифестација „Бела ноќ“ која ќе се одржи на 26 септември.

И годинава на манифестацијата ќе бидат опфатени областите: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип), применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации), музика, филм и јавна уметност – урбани изведби и перформанси.

Учесниците ќе бидат селектирани врз основа на поднесените апликации, а главни критериуми се квалитет, иновација и карактер во опсег на предложениот концепт. Дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.

„Предлог-концептите треба да бидат адаптирани за на отворено и да бидат во согласност со мерките за заштита од пандемијата предизвикана од ковид-19“, велат организаторите.

Заинтересираните за учество треба да достават апликација заедно со кратка биографија, опис на проектот и учесници и финансиска конструкција на проектот.

Апликациите треба да бидат пратени најдоцна до 15 септември на мејлот: info@univerzalna.com.mk или на адресата: ЈУ Универзална сала Скопје, со назнака: „За Бела ноќ 2020“, бул. „Партизански одреди“ бр.45, 1000 Скопје.

 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе