На 1 јули во руската амбасада ќе се гласа за измени на Уставот на Русија

Од 8 до 20 часот, в среда, на 1 јули, во Амбасадата на Руската Федерација (ул.Пиринска бр. 44) ќе се одржи гласање за измени во Уставот на Руската Федерација во кое ќе учествуваат државјаните на Русија кои постојано или привремено престојуваат во Македонија.

Во Русија веќе се отворени гласачките места за предвременото гласање на референдумот за уставните реформи. Изборните власти кажаа дека ги отвораат гласачките места пред официјалното гласање на 1 јули за да избегнат преголеми навалици во кои би можело да дојде до ширење на заразата со коронавирусот.

На гласачките места низ 10-те временски зони, од Калининград на Балтичкото Море во Петропавловско-Камчатскиот регион на Тихи Океан, се очекуваат 110 милиони гласачи. На гласачите ќе им бидат достапни маски и гелови за дезинфекција.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе