MВР од денеска почнува да издава регистарски таблички со NMK

Од денеска треба да почне издавањето на новите регистарски таблички за возилата со ознаката NMK. Замената на старите регистарски таблички со новите ќе се врши постепено при регистрација на возилата.

Обврската за замена на табличките на кои е досегашната ознака МК со новата NMK произлегува од Договорот од Преспа со кој се реши спорот за името со Грција.

Од стапувањето во сила на Преспанскиот договор, досега се даваа бесплатни налепници со ознаката NMK (North Makedonija - Северна Македонија) на граничните премини при влез или излез на возилата од Македонија.

Покрај автомобилите, таблички со NMK ќе имаат и автобусите, камионите, мотоциклите, тракторите…, иако некои од овие возила никогаш не излегуваат од земјата.

Според правилникот за форма и изглед на сообраќајните регистрации, сите возила ќе мора да имаат регистарски таблички со ознаката NMK најдоцна до февруари 2024 година.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе