МВР: Од 7,30 до 12,30 посебен сообраќаен режим во Карпош 3 и Карпош 4 во Скопје

Утре од 8,30 до 12,30 часот, во организација на спортски триатлон клуб Триоги рејсинг Скопје, ќе се одржи интернационален натпревар „Топси Триоги Триатлон“ кој започнува со пливање во базенот „Карпош“, потоа продолжува со возење велосипед со старт од Вип Арена СЦ Борис Трајковски долж пристапната улица, десно по булеварот „Илинден“ до крстосница со улицата „Љубљанска“ каде се врти полукружно назад по истата коловозна лента на булеварот „Илинден“ до крстосница со булеварот „8-ми Септември“ и назад кон ВИП Арена СЦ Борис Трајковски од каде се започнува со трчање долж тротоарот на булеварот „8-ми Септември“ десно по булеварот „Илинден“ до целта пред ВИП Арена СЦ Борис Трајковски, во Скопје.

Од  тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 7,30 до 12,30 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“ од крстосница со булеварот „8-ми Септември“ до крстосница со улицата „Љубљанска“ при што за сообраќај ќе биде затворена само коловозната лента во насока на движење од „Мида моторс “ кон населбата Ѓорче Петров, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе