Завршува приказната со досетливиот измамник

МВР: Кривична пријава за еден од измамниците кои организираа, семинари, конференции, туристички тури...

Ќ.С. (31) од Скопје е еден од измамниците од случајот за кој МКД.мк пишуваше дека последниве неколку месеци биле измамени десетици хотелиери, преведувачи, туристички водичи, превозници... Според МВР приведени се уште неколку лица кои биле вклучени во оваа шема која подразбираше организирање на семинари, настани, туристички тури за кои беа ангажирани и измамени голем број на лица.

„СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривична пријава против Ќ.С. (31) од Скопје и други лица, поради постоење основи на сомнение дека извршиле три кривични дела „измама“, при што се стекнале со противправна имотна корист. Во периодот од 3 до 5 ноември едно лице, претставувајќи се како организатор на семинари за стрелаштво, летање со параглајдер и алтернативен туризам во хотели во Берово и Маврово, од три лица телефонски побарал пари на заем за набавка на разна опрема и материјали за одржување на семинарите. Парите ги земал преку Ќ.С., на различни локации на територија на град Скопје. На 5 ноември полициски службеници го привеле Ќ.С., а било извршено и негово препознавање од страна на оштетените. Дополнително од слобода е лишено уште едно лице за кое постои основано сомнение дека е инволвирано во горенаведените кривични дела“, се вели во одговорот на МВР до МКД.мк.

Полицијата има сознанија дека такви измами се извршени и во други градови во државата за кои се преземени дејства.

„По целосно докумнетирање на случајот против сите лица за кои ќе биде утврдено дека постои основано сомнение дека се сторители на гореспоменатите кривични дела ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од МВР.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе