Во Скопје продолжуваат засилените сообраќајни контроли

МВР: Казнети 255 возачи и пешаци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените сообраќајни контроли. Казнети се 255 возачи и пешаци поради непочитување на сообраќајните прописи.

На територијата на Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 255 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 58 прекршоци, 13 за технички неисправни и нерегистрирани возила и четири казни за мотоциклисти.

Поради недозволено паркирање изречени се 86 мерки казни, а 68 возила се подигнати со пајак службата. Казнети се и 25 пешаци.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот", велат од МВР.

Во однос пак, на санкциите за неносење на заштитна маска од вирусот ковид-19, казнети се 26 лица.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе