*Од утринава, па досега, 7 возила јутонг на ЈСП Скопје се испратени на вонреден технички преглед. Од нив 5 се двокатни автобуси и 1 минибус/комбе и 1 комбе Ивеко. Во меѓувреме, две возила од посочените веќе се вратени на линија. ЈСП Скопје, ја следи состојбата на терен и по потреба, по исклучување на некое возило заради технички преглед, реагира навремено со испраќање т.н. заменско возило како би се избегнала „дупка" во возниот ред. Не постои причина за измени во возниот ред на линиите кои ги опслужуваат возилата на ЈСП Скопје.", велат од ЈСП.
Инаку, од претпријатието додаваат дека сите возила на ЈСП Скопје вклучени во јавниот превоз се подложни на комплетен сервис на изминати 10.000 - 15.000 км, или во просек на 2-3 месеца (во зависност од линијата на која сообраќа возилото и од типот на возилото).
Се прави темелна проверка/сервис на целото возило (мотор, механика, електрика, браварија, инсталација итн.)
За акцијата во која автобусите на ЈСП се испратени на вонреден технички преглед, од претпријатието појаснуваат дека станува збор за вонредна акција на МВР, како дел од редовните активности за проверка на исправноста на возилата кои вршат јавен превоз на патници.
Од МВР велат дека континуирано презема мерки и активности за обезбедувањ ена поголема безбедност во сообраќајот.
Меѓу мерките се и контроли на техничката исправност на возилата што вршат јавен превоз, а во насока на превенција од последици кои можат да настанат од учество во сообраќај на неисправни возила за јавен превоз.
Согласно предвидениот план-распоред, на 23.02.2022 во периодот од 08-12 часот предвидена и спроведена е акциска контрола на подрачје на град Скопје, над возила кои вршат јавен превоз на патници (линиски, градски и меѓуградски превоз), при што се контролирани 11 автобуси од кои кај 4 (четири) автобуси се констатирани неправилности предвидени согласно одредбите на ЗБСП и ЗВ.