МВР и натаму чека на завршување на јавната набавка за 8.550 пара чизми за полицајците

Последниот тендер на МВР за високи специјални чизми распишан лани во септември сѐ уште не е завршен. Претходниот тендер за истите чизми беше поништен. Полицијата веќе неколку години има потреба од 8.550 пара чизми, меѓутоа работата никако да се заврши. Последниот тендер од 3 септември минатат година заврши на Управен суд со потврдување на првичната одлука за Мега спорт и покрај трите поинакви решенија на Државната комисија за жалби по јавни набавки чиј претседател е Кирил Каранфилов.

Понудената цена на Мега спорт (46,084 милиони денари за италијански чизми) беше за околу 4 милиони денари помала од второпласираната компанија, Гепард вис од Нови Сад, Србија (50 милиони денари), па следуваат Нени компани (51 милион денари), Комекс (54,8 милиони денари)…

Од увидот на целосната документација, произлегува дека по сите забелешки во сите три решенија на Државната комисија за жалби по јавни набавки беше постапено, но второстепената комисија секогаш наоѓаше причина за враќање на постапката. Голем број од забелешките за акредитирани лаборатории, за соодветни сертификати, за анализа на репро материјали, а не на конечен примерок, за хидрофобноста на кожата... беа соодветно поткрепени со документација и образложенија. Но, членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки секогаш наоѓаа причина за враќање на првостепеното решение. Целиот предмет сега е пред Управен суд кој донесе пресуда во корист на одлуката на МВР за набавка на високи специјални чизми од Мега спорт, но тече рокот за жалба пред Вишиот управен суд.

А.Д.    

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе