Младите борци сами си го прославија јубилејот – 70 години Млад борец (ФОТО)

Кога државата тоа не го прави, ќе си го направиме сами. Дваесетина поранешни новинари, уредници, соработници на весникот „Млад борец", вчера во ресторанот Национал во Скопје прославија еден навистина редок јубилеј – 70 години од првиот број на весникот „Млад борец", кој за жал веќе не излегува.

 

Малкумина знаат дека всушнот „Млад борец“ е првиот весник на македонски јазик – март 1944 година. Овој јубилеј не влезе во календарот на значајни датуми на Република Македонија.

Затоа, на иницијатива на неколкумина поранешни новинари на весникот, јубилејот си го прославија сами. весникот.

Вчера во ресторанот Национал беа Митре Кутузовски, Димче Апостолски, Диме Јаневски, Ванчо Котлар, Благоја Иванов, Ристо Лазаров, Влада Урошевиќ, Борче Лембовски, Сталин Лозановски, Димитар Мирчев, Атанас Костовски, Петар Карајанов, Кире Талевски, Пеце Груевски, Томислав Османли, Александар Димитров, Душко Кралевски, Сашо Ордановски, Синиша Станковиќ, Панта Џамбазоски, Зоран Димитровски, Александар Дамовски...   

Честит јубилеј!

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе