Минатата недела во општина Центар со „пајак“ кренати 182 возила, „блокатор“ ставен на 149

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на изминатата седмица санкционираа 331 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

„Во периодот од 11 до 17 ноември, со „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 182 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ санкционирани се 149 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани“, се вели во соопштението ЈП ПОЦ.

Оттаму додаваат дека работат на воведување ред во сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе