Реакција

Миленковски: Шилегов сака да ја урне галијата без судска одлука и да изгуби од градскиот буџет 1,2 милиони евра

Има ли поголем пи-ар на затегнатите  македонско-бугарски односи од решението на скопскиот градоначалник Петре Шилегов да се урива бугарска инвестиција од над 1,2 милиони евра без да се чека на каква било судска одлука за тоа, се вели во реакцијата на Жарко Миленковски од фирмата Сервис емус, инвеститор на галијата во Вардар кај Градскиот трговски центар во Скопје. Вчера Шилегов најави дека почнува отстранувањето на галијата.

Миленковски во писмената изјава тврди дека судската постапка за овој предмет не е завршена затоа што Шилегов врши притисок на судиите да не донесат никакво решение и ние од септември стоиме во место.

„Првиот судија се откажа поради притисокот од Петре Шилегов. Другата судијка не сака да донесе никаква одлука веќе 4 месеци, со што му овозможува на Шилегов своеволно да прави што сака. Сега почнавме постапка кај трет судија и се надеваме дека конечно ќе биде започнат процесот. Жал ми е што поради незаконското уривање и тврдоглавоста на градоначалникот на Град Скопје, граѓаните ќе треба да платат над 1,2 милиони евра, наместо тие средства да се искористат за подобрување на животот на граѓаните, ќе бидат „фрлени во Вардар” само и само поради предизборен пи-ар. Мора да се стави крај на своеволието и преземање дејства без судски решенија, мора“, вели Миленковски во изјавата.

Тој потсетува дека галијата е изграден со пари од приватен инвеститор државјанин на Бугарија, чии вкупни инвестиции во Македонија се повеќе од 40 милиони евра.

„Град Скопје нема никакво побарување спрема нас. Ова е приватна инвестиција, Град Скопје нема инвестирано ниту еден денар. На градот му плаќаме по 1.000 евра месечно за концесија и сѐ платено, не должиме ништо. Не е укината дозволата за поставување на урбана опрема, што значи правниот акт врз основа на кој е поставен бродот, сѐ уште е во сила. Во тек се два судски предмети, не може да се урива додека нема судска одлука. Судот трпи огромен притисок да не донесе времена мерка за да се спречи настанување на штета. За ова веќе се информирани и бугарската Амбасада и Европската Унија. Бараме да ни се гарантира правото на фер судење без мешање и притисок од градоначалникот Петре   Шилегов. Бараме од Град Скопје да не ја нарушува довербата на странските инвеститори, туку да не остави да работиме. Ние не сме виновни за пандемијата, ниту за политиките на бившата власт, а не треба да трпиме штета поради ветувањето на градоначалникот дека ќе ги урива галиите. Се повикавме на член 9 од договорот каде што изрично е пишано дека Град Скопје ќе овозможи непречено функционирање на објектот“, пишува во писмената изјава на Миленковски.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе