Пред за утре закажаното уривање на галијата

Миленкоски: Наместо да сече ленти, Шилегов сака да урива странски инвестиции

Утре секој може да дојде пред галијата кај Холидеј ин и во 9 часот да посведочи како Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, од позиција на моќ ја урива правната држава и удира по темелите на владеењето на правото. Воедно, ќе се направи обид да се одземе и уништи странска инвестиција во време на тешка економска криза во која странските инвеститори го имаат избришано Скопје од картата. Конечно, се прашуваме која е намерата на Шилегов за насилно уривање на бугарска инвестиција на само неколку дена пред одлучувањето за нашиот европски пат со Република Бугарија. Ова е дел од писмената изјава на Жарко Миленкоски, извршен директор на ЕМУС АД Скопје, компанијата која е сопственик на галијата.

Миленкоски вели дека за галијата кај Холидеј ин се води судски спор и Шилегов нема право да ја урива. Градоначалникот на Скопје за утре најави уривање на галијата

„Јас сум извршен директор на приватна компанија со капитал од Република Бугарија, која е сопственик на бродот лоциран во реката Вардар веднаш до хотелот Холидеј ин. Бродот е целосно наша инвестиција во износ од 1,2 милиони евра и местото беше под закуп на Градот Скопје за период од 10 години. Во текот на изминатата година за време на пандемијата, нашиот бизнис целосно запре и претрпевме тешка криза. Во таква ситуација, ние се обративме до Градот Скопје и лично до градоначалникот г-дин Шилегов неколку пати со барање за каква било форма на помош во време на криза. Не само што не добивме никаков одговор од господинот Шилегов, туку во јуни 2020 година добивме писмо од Градот дека нашиот договор за закуп се раскинува поради задоцнето плаќање на 2-3 месечни закупнини, иако сите достасани плаќања беа извршени неколку дена порано. Веднаш потоа договорот ни беше раскинат. Наредното судско рочиште е закажано за 7 јули“, пишува Миленкоски и додаде дека за ова веќе се информирани и Амбасадата на САД, Делегацијата на ЕУ, Амбасадата и претседателот на Бугарија.

Наместо да сече ленти, да отвара булевари, нашиов градоначалник се фали што руши инвестиција од 1,2 милиони евра затоа што за време на карантин од ковид 19, сме задоцниле со плаќање на вкупно 3.000 евра, вели Миленкоски.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе