Меѓународниот тендер за чистење на линданот од ОХИС продолжен до 16 декември

Тендерот објавен на 15 октомври, требаше да биде затворен на 11 ноември, УНИДО (UNIDO - United Nations Industrial Development Organization) на барање на потенцијалните понудувачи реши да го продолжи до 16 декември.

Причина за тоа е во тоа што во назначениот период од 25 дена потенцијалните понудувачи не беа во можност да одговорат на барањата од проектната задача - презентирање на техничките специфики на предложената технологија за ремедијација, изработка и доставување на соодветните планови поврзани со безбедното работење, митигација и справување со ризиците во текот на ремедијацијата и мониторингот на медиумите на животната средина.

Од Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи (POPs) при МЖСПП информираат дека по пристигнувањето на понудите, ќе биде формирана комисија од страна на UNIDO, составена од меѓународни и национални експерти, која ќе ја избере најдобрата понуда, а по што ќе следат активности за почнување со работа на терен (обезбедување потребна документација, обезбедување на просторот и превентивни мерки за заштита на околината и конечно започнување со чистењето).

Oтстранувањето на HCH отпад (линдан и неговите изомери) од кругот на фабриката ОХИС е процес што е воден од страна на УНИДО (UNIDO - United Nations Industrial Development Organization), агенцијата одговорна за спроведување на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС“, во соработка со Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи (POPs) при Министерството за животна средина и просторно планирање.

Проектот е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF) со национална контрибуција од страна на Владата на Македонија.

Со чистењето на локациите контаминирани со HCH и со другите придружни загадувачи, ќе се намали и/или елиминира емисијата на овие загадувачи во околината. Исто така, ремедијацијата на контаминираните локации во ОХИС ќе овозможи услови за ревитализација на земјиштето, соопшти Македонското еколошко друштво.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе