Денеска во 18 часот

МЕД и Екосвест повикуваат на протест за чистење на отровниот линдан кај ОХИС

Македонско еколошко друштво заедно со Екосвест денеска во 18 часот организира велосипедски марш низ Скопје за подигнување на јавната свест за отстранување на линданот од малата депонија во фабриката ОХИС. 

Појдовна локација на велосипедскиот марш е од Паркот Жена Борец кај споменикот на Питу Гули во 17:30, во 18 часот се пристигнува пред влезот на старата фабрика ОХИС (веднаш по бензинската на Макпетрол), каде што од 18 до 19 ч. ќе се одржуваат креативни активности.

Настанот се одржува како продолжение на двете работилници за подигнување на јавната свест за значењето и важноста на отстранувањето на линданот од малата депонија во фабриката ОХИС што се одржаа во изминатиот месец.

Објавено

Среда, Април 24, 2019 - 09:18

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе