Започна реконструкцијата на старата барака

Матично пред Нова година ќе се подмлади во „Младински центар“

Започна реконструкција на објектот на поранешната Управа за водење на матични книги – Матично, кое ќе стане Младински центар и ќе го користат младински и невладини организации. Работите  се очекува да бидат завршени до 20 декември.

Целта на овој проект, како што соопшти денеска градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, е да ги вклучат младинските организации во процесот на донесување одлуки не само во креирањето на политика на локалната самоуправа, туку вклучително во општествениот живот.

„Со овој проект ќе биде целосно заврешена реконструкција на 470 метри квадратни и ќе биде заменета целосно фасадата со енергетски ефикасна фасада, покривот и внатрешното уредување каде ќе се добијат простории кои ќе ги користат невладините организации, Сојузот на извидници и останати центри и затоа така проектот го нарековме Младински центар, рече Богдановиќ.

Снежана Јанковиќ, претставник на Сојузот на извидници, рече дека Младинскиот центар го гледаат како место на вмрежување на сите младински и организации за млади на територија на Општина Центар.

„Тие ќе можат да го искористат просторот да се вмрежат, да ги прилагодат своите програми и да им понудат на младите нешто поинакво, нешто на европско и светско ниво, место каде ќе може да се собираат, да творат, да бидат креативни, да разменуваат добри практики, позитивни навики и нормално да стекнуваат некои основни навики за вештини за живот кои му се потребни на секој млад човек да прерасне во општествено одговорна личност како што е редот", рече Јанковиќ.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов рече дека за кусо време бараката набрзо ќе има сосема нов изглед и дека младите ќе бидат задоволни од ова катче.

„Очекувам дека младинските организации од општината Центар ќе го препознаат ова катче како свое. Ги охрабрувам и другите градоначалници на територијата на Скопје да го следат овој пример и во рамките на своите можности да обезбедат по еден ваков капацитет за да се подобри младинското организирање", рече Шилегов.

Вкупното чинење на реконструкцијата ќе изнесува 6.941.282,00 денари со влучен ДДВ. Општина Центар ќе обезбеди 83 проценти од финансиски средства, односно 5.768.074,00 денари од Буџетот на општината за 2020 година, а останатите 1.173.208,00 денари ќе бидат обезбедени од Програмата за развој на обединетите нации – UNDP во форма на донација

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе