Реакција на МИОА

Mанчевски: Операторите незаконски ги исклучија ТВ-каналите

Денешното исклучување на емитувањето на телевизиските канали од страна на операторите, е незаконски, направена повреда на членот 115 од Законот за електронски комуникации, извести Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

Според членот 115 операторите кои обезбедуваат пристап до јавна електронска комуникациска мрежа можат, без согласност на корисниците, привремено да го ограничат или прекинат пристапот до нивните услуги, доколку тоа е потребно заради реконструкција, модернизација, одржување или во случај на технички пречки или недостатоци во мрежата.

„Операторите се должни да ја информираат Агенцијата и да ги известат корисниците за ограничувањата или прекините кои траат подолго од 30 минути: најмалку 48 часа пред планираната реконструкција, модернизација или одржување или колку што е можно побрзо, но не подолго од 48 часа, кај ограничувањата или прекините предизвикани од технички пречки или недостатоци во мрежата.

Операторите треба да ги преземат сите неопходни мерки, ограничувањата или прекините да траат што е можно пократко“, пишува во законот.

Тука не се работи за реконструкција, модернизација, одржување, технички пречки или недостаток на мрежата, па јасно е дека се работи за повреда на законот, пишува на својот фејсбук-профил министерот Манчевски.

Последиците за ова дело се дефинирани во членовите 182 и 186 од Законот за електронски комуникации. Според овие членови казна од 20.000 евра ќе се изрече за прекршок на правно лице, односно трговец поединец, ако изврши привремено ограничување или прекин на пристап, спротивно на членот 115 од овој закон.

„На правното лице за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182,183 и 184 од овој закон покрај глобата ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на вршење на определена дејност во траење од шест месеци до три години, а може да му се изрече и прекршочна санкција одземање на предмети со кои е сторен прекршокот. На одговорното лице во правното лице за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182, 183 и 184 од овој закон, покрај глобата, ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три месеци до една година. На трговец поединец за сторен прекршок од членовите 180, 181, 182, 183 и 184 од овој закон, покрај глобата ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од три месеци до една година, а може да му се изрече прекршочна санкција одземање на предмети со кои е сторен прекршокот“, пишува во законот.

„Покрај ова, сите претплатници на операторите имаат законско право да бараат и право за надоместок на штета од страна на операторите, поради прекршување на одредбите од претплатничките договори и можат да бараат соодветна правна заштита преку Агенцијата за електронски комуникации, како надлежно регулаторно тело. Што се однесува до тоа дали е нешто уставно или не, надлежна институција е Уставниот суд“, напиша Манчевски.

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе