Инциденти на плоштадот „Македонија“ и пред Собранието

Малолетничка заврши со изгореници, малолетници со бекатон кршеле коли славејќи ја победата на Вардар

Малолетничка заврши со изгореници од пиротехнички средства, а група малолетни лица вчера кршеле автомобили и фрлале бекатон плочки за време на прославата на плоштадот „Македонија“ за победата на ракометниот клуб Вардар. Според МВР, оштетено било возило марка ауди А3 со скопски регистарски ознаки, кое се наоѓало на булеварот Гоце Делчев, како и полициско возило пред Собранието.

Групата малолетници фрлале кон автомобилот со бекатон плочки, а во инцидентот повреди на левата рака добил Ф.М. Од Единицата за прв одговор при МВР „Алфа" биле приведени петмина малолетници на возраст од 14 до 17 години. Сите приведени, според информациите од полицијата се од Скопје.

Освен овој автомобил, оштетено било и службено возило Шевролет спарк, сопственост на МВР. Со изгореници во пределот на нозете се здобила и седумнаесет годишната Т.П. од Скопје, која настрадала од пиротехнички средства.

За нарушување на јавниот ред и мир пред Собранието приведен е и скопјанецот Ж.М (36).

Ракометарите на Вардар го добија пехарот од Лигата на шампионите по една исклучително тешка сезона, го победија Веспрем со 27:24 и станаа европски шампиони. Вчера се славеше низ улиците на Скопје, а за вечерва е најавен пречек на ракометарите.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе