О2 коалиција за чист воздух

Maкрадули вели дека нема загадување во Гази Баба, погледнете ја оваа фотографија

Фотографијата е направена вчера, околу 16,30 часот пред објектите на железарницата, а само неколку часа откако заменик министерот за животна средина Јани Макрадули ја даде изјавата за ТВ Канал 5 во која вели дека во општина Гази Баба нема загадување, реагираат активистите на иниијативата О2 коалиција за чист воздух.

За Макрадули главен проблем е тоа што мерниот инструмент за присуството на ПM 10 честичките во воздухот во скопската општина Гази Баба бил стар и покажувал погрешни резултати. „За него нема никаков проблем во облаците чад кои излегуваат секој ден од Железара, тоа не е главниот проблем. Ќе се покажеле високи вредности секаде, ете, да било навистина така, првенствено Ректорат“.

Според 02 коалицијата за чист воздух, само половина час откако била направена оваа фотографијата, на мерното место Ректорат концентрацијата на ПМ 10 честичките во воздухот била 92 микрограми на кубен метарлиграми. Или речиси двојно повеќе од максинално дозволената концентрација. 125 микрограми биле измерени вчера во 20 часот. „Малку ли е? Колку треба да биде за да се покаже дека навистина има загадување кое доаѓа од Железара? Г-дин Макрадули вели дека тој облак не можел да исчезне. Да, не исчезнува, туку се дисперзира. Зависно од правецот на струење на ветерот, во еден правец ќе се однесе најмногу и нема сите станици да покажат исти високи вредности. Според него, со голо око не можеме да кажеме за каков вид на загадување се работи, кога ќе го видиме облакот чад. Она што можеме со сигурност да кажеме е дека е страшно и дека е чад кој излегува од индустрискиот комплекс Железара, што автоматски подразбира присуство на канцерогени PM10 и PM2,5 честички. Направето под итно нешто! Не ја релативизирајте ситуацијава. Воопшто не е за смеење“, апелираат активистите од О2 коалицијата за чист воздух.

Фотографија од пред неколку дена

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули вчера за Kанал 5 објасни дека неисправноста на апаратот покажал лажни вредности и дека зелената боја веќе е главна на страницата за квалитет на воздух. Макрадули не исклучува дека има појава на палење на ѓубре на некои места во градот и затоа во некои делови на градот се чувствува миризба. Инспекторите веќе на терен ги проверувале сите пријавени места, изјави Макрадули.

Република Македонија е мала држава на Балканот чија основна цел е опстанокот во меѓународните односи и грижа за благосостојбата на сопствените граѓани.

повеќе

Заев побара од дипломатите да се воздржуваат од активности меѓу гласачите спроти референдумот, а онаа од поддржувачите не му пречи.

повеќе

Македонија по оваа авантура нема каде да се врати и единствениот пат по кој треба да тргне е патот на внатрешно реформирање и интраетничко помирување и обединување.

повеќе