Пронајдоци

Македoнски студенти во Сеул освоија златен медал за иновација - велосипед што чисти воздух

Македонски студенти освоија златен медал на меѓународната изложба во Сеул, во Јужна Кореја, со пронајдокот на велосипед со тркало кое го чисти воздухот.

„Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ кој е остварен од страна на нашите студенти: Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски, Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ освои златен медал на меѓународната изложба „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја“, објавија на Фејсбук од Машинскиот факултет во Скопје.

Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ е остварен заедно со вонредниот професор д-р Иле Мирчески и дип. маш. инж. Тошко Ристов. Меѓународната изложба  „KIWIE 2019“ се одржа во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA и со поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO.

Пронајдокот на македонските студенти доби Златен медал од Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област, Златен медал со диплома од Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија, Диплома за најдобар пронајдок од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.

Станува збор за велосипед на батерии кој има вградено проактивни филтри. Тие ги заробуваат штетните честички со самото ротирање на тркалата. Ова треба да биде еден чекор плус во креирањето на нов еколошки систем на градскиот транспорт.

„Целиот систем за прочистување на воздухот ќе биде составен од филтер материјал кој што ќе биде вграден во држачите, тоа се портокаловите делови. Со самата ротација на тркалото ќе се прима воздухот и ќе се задржуваат некои честички, ќе се отпушта воздухот така што на тој начин ќе се прочистува воздухот,“ велат студентите.

Идејата е велосипедите да бидат поставени на неколку станици низ градот. На корисникот ќе му биде достапна картичка со која ќе може да го користи велосипедот. Цената на изнајмувањето ќе зависи од тоа колку километри се извозени и во која зона од градот. На станиците ќе бидат поставени и полначите за велосипедите.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе