Мајфлај – на 11 и 12 мај во Македонија ќе се одржи интернационален собир за воздухопловно моделарство

На 11 и 12 мај ќе се одржи Интернационален собир за воздухопловно моделарство Мајфлај. Собирот го организира Воздухопловниот спортски клуб РЦСК Скопје во соработка со Аероклуб Скопје. Спортскиот аеродром Стенковец е подготвен да биде домаќин на сите љубители на воздухопловно моделарство и летањето на дводневна дружба со атрактивна програма.

Моделарството со радио контролирани воздухопловни модели претставува радио контролирано управување во воздух на изработени модели (Aircraft Modeling) во различни категории кои користат различни типови на напојување: електро или со внатрешно согорување.
Во Македонија постои повеќедецениската традиција на моделарство. На овој настан македонските моделари и пилоти, ќе ги споделат нивните искуства, но и ќе разменат искуства со интернационални моделари и пилоти учесници во натпреварувачки и ревијални собири од интернационален карактер.  
Настанот се организира за да се зголеми достапноста на овој атрактивен спорт за поширока публика, привлекување на нови членови на постојните клубови, организација на нови клубови и организирано промовирање на македонските клубови при учество на интернационални собири. 
Посетителите кои се заинтересирани да навлезат во моделарството, на симулатори ќе можат да пробаат да летаат модели, а со инструктори и вистински РК модели.
 
Целта на собирот е вмрежување на македонските аероклубови со клубови од другите земји, размена и презентација на вештини на пилоти и создавање услови за организација на официјални (Federation Aeronautique Internationale - FAI) собири со натпреварувачки карактер во повеќе категории. Одржувањето на вакви настани овозможува широка промоција на земјата во која се одржуваат ваквите настани.
Оваа година се обезбедени услови и за првпат ќе се реализира во рамки на Мајфлај 2019 светски куп во категорија FAI f9U Drone Raicing. 
Собирот Мајфлај е регистриран како настан во категорија Светски куп на официјалната страна на светската федерација за воздушни спортови (Federation Aeronautique Internationale - FAI).
 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе