Мерења во Дебар Маало и на Кеј

Локалите „Инста кафе“ и „Каса Кубана“ предупредени за гласна музика и бучава

Во текот на изминатите два викенди, по спроведените акции во реонот на Дебар Маало и Кеј 13-ти Ноември и мерењета на бучава од локалите, решенија за преземање на мерки за намалување на вредноста на емисионото ниво на бучава во животната средина добија локалите „Инста кафе“, како најгласен во реонот и „Каса Кубана“, на Кеј, информираат од Општина Центар.

По добиените решенија, угостителите имаат законски рок од 8 дена да постапат по истите.

Усна опомена за почитување на граничните вредности за бучава добија локалите „Папилон“, „Локал 45“ и „Харт бар“.       

Општина Центар апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постојните правилници, да имаат обѕир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина.

Во спротивно, за сите измерени надминувања на граничните вредности на бучава, ќе се преземат законски пропишани мерки и ќе бидат изречени поригорозни санкции, во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.

 

 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе