ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

Листата на СДСМ во општина Центар ќе ја предводи Белчева од иницијативата Во одбрана на Дебар Маало

Саша Богдановиќ, директорот на јавното претпријатие Паркинзи општина Центар и официјално стана кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Центар.

Тој е дипломиран политиколог и претседател на општинската организација на СДСМ-Центар.

Носител на листата за советници во Советот на општина Центар ќе биде Јана Белчева-Андреевска од граѓанската иницијатива Во одбрана на Дебар Маало. СДСМ ја прифатил платформата на граѓанската иницијатива, а Богдановиќ предложил носител на неговата листа на советници да биде од Во одбрана на Дебар Маало.

„Платформата која води кон поквалитетен живот и која дава план како да се сопре урбанистичкото и еколошкото дивеење, а која што минатата недела ја објавивме како наш услов за поддршка на евентуален кандидат за градоначаник на Центар досега, на еден ден пред истекот на рокот за кандидирање ја прифати само СДСМ. Претставниците на СДСМ изразија подготвеност член на граѓанската иницијатива да биде носител на листа за советници за општина Центар како независен кандидат на коалицијата предводена од СДСМ“, велат од граѓанската иницијатива Во одбрана на Дебар Маало.

Членовите на оваа иницијатива се жестоки критичари на работењето на Андреј Жерновски, градоначалникот на општина Центар.

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе