Види - вака

Линданот во ОХИС - најжешката еколошка точка во Скопје (ВИДЕО)

На две локации во кругот на фабриката ОХИС во Скопје неправилно се депонирани големи количества опасни нуспродукти од процесот на производство на линданот во периодот од 1964 до 1977.

На национално ниво, оваа година ќе почне постапка за финално отстранување на линданот и неговите нуспродукти од една од локациите од кругот на фабриката ОХИС, каде што тие биле неправилно депонирани, и третман на контаминираната почва. Целиот процес ќе се одвива контролирано, од обучен и стручен персонал, со највисок степен на мерки за заштита.

Во рамки на кампањата за информирање на јавноста како дел од повеќегодишниот проект „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС, 100122“, финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и имплементиран преку УНИДО (United Nations Industrial Development Organization) е изработено ова кратко видео.

Кампањата за подигнување на јавната свест за значењето и влијанието на линданот врз човековото здравје и состојбата на животната средина се спроведува од страна на Македонското еколошко друштво (МЕД) во координација со Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (POPs) на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Целосното отстранување на линданот од сите локации каде што е присутен, како и соодветнотo третирање на почвата и подземните води е долгогодишен процес кој бара активно вклучување на повеќе чинители со цел подобра координација, информирање и отстранување на оваа еколошка жешка точка.

 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе