Левица: Во Кисела Вода непознат инвеститор гради кај запалената трафостаница

На булеварот „Борис Трајковски” изминатиов период интензивно се изведуваат градежни активности. Токму спроти големата трафостаница, која неодамна беше зафатена со пожар, поради кој половина Скопје остана без струја, се гради голем објект од непознат инвеститор, изјави Амар Мециновиќ, портпарол на Левица.

На градилиштето не е истакнато информативна табла, што е спротивно на Законот за градење – кој предвидува задолжително поставување на информативна табла со име, назив, вид на градба, како и број и датум кога е издадено одобрението за градбата.

Дали постои причина за овие информации не бидат достапни за јавноста? Дали е ова почеток на нова тајна урбанистичка авантура?

Членот на Советот на Општина Кисела Вода од Левица, Донче Мишовски, на изминатата седница на Советот го обелодени овој проблем пред градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и побара инспекциските служби да извршат инспекциски увид.

Бидејќи се работи за објект во близина на жици со големо напојување, потребно е итно службите да утврдат дали ваквиот објект е во согласност со Деталниот урбанистички план, дали истиот ги поседува сите потребни документи за градба или можеби, се гради со нечиј амин“, изјави денеска Мециновиќ.

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе