Град Скопје ги дополнува имињата на улиците

Леб и сол, Мизар, Лева патика, Есма Реџепова и други уметнички групи и поединци ќе добијат свои улици

Советот на Град Скопје ќе расправа за дополнување на Листата на имиња на улици, која ќе опфати плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на градот, а на листата се имиња на истакнати личности и групи од областа на градското националното и светското историско наследство, објави градот. Постоечкиот регистар на имиња се предлага да биде дополнет со вкупно 571 име, меѓу нив и познатите групи Леб и сол, Мизар, Лева патика, потоа Есма Реџепова, Медена земја...

„Со ова дополнување на листата предвидено е да се зголеми бројот на имиња и на женски личности и настани кои оставиле белег во историски и културен контекст, како и на припадниците на немнозинските заедници кои живеат во Скопје, но и на бројот на топоними со регионално и светско значење. Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими. Во дополнувањето на листата вратени се и имињата на улиците од периодот на солидарноста и изградбата на повоено Скопје, а кои беа отстранети со претходни одлуки на Советот на градот", информира градот.

Листата на имиња ги содржи предлозите од онлајн анкетата спроведена во летото 2019 година, на која граѓаните ги дадоа своите предлози за имиња на градските улици, а листата беше дополнета и со други формално доставени иницијативи. Листата на имиња ја утврдува Советот на Град Скопје, по претходно добиена согласност од Владата. При утврдувањето на листата на имиња од страна на Советот на градот Скопје, општините од подрачјето на градот Скопје даваат мислење по истата.

По добиената согласност од Владата, Советот на Град Скопје ја усвојува листата, а дури потоа може да се пристапи кон менување на конкретни имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, коишто се менуваат со посебни одлуки на Советот.

Сите идни промени на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Град Скопје согласно овој закон предвидено е да се црпат исклучиво од оваа листа, се вели во соопштението на Град Скопје.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе