Реакција

Лајка: Во Идризово ќе има дополнителен капацитет за бездомните кучиња, а ќе се ресоцијализираат и осудениците

Јавното претпријатие „Лајка“ ги отфрли обвинувањата од група граѓани по објавувањето на информацијата од страна на надлежните од Општина Гази Баба, дека во КПИ Идризово ќе се гради дополнителен капацитет на прифатилиштето, кое што е претставено како обид за затворање и мачење на бездомните кучиња.

„Станува збор за предлог-проект, со идеја да се обезбеди дополнително нов капацитет на одделот за вдомување на кучиња. Со оглед на тоа што сме единствено прифатилиште во Скопје, капацитетот на Лајка е недоволен да згрижи поголем број на бездомни кучиња. Па така, со реализација на овој проект, очекуваме здравите единки за кои се потрошени средства и кои се подготвени за дом, да можат да бидат згрижени и безбедни додека им се бара дом.

Кучињата кои имаат непредвидливо однесување за околината, кучињата кои се жртви на мачење и борби, кучињата со видлив хендикеп, кучињата кои се од голем раст и предизвикуваат страв кај населението, кучињата кои имаат купирани уши и нема можност да се обележат со ушна маркица, како и оние кои имале сопственик и биле напуштени, а не би се снашле на улица по третманот, ќе бидат неограничено згрижени во новиот дополнителен капацитет“, објаснуваат од Лајка.

Оттаму додаваат дека има сериозна бројка од горенаведените категории на бездомни кучиња кај кои процесот за вдомување оди навистина бавно, па затоа ова претставува  идеално решение согласно стандардите за благосостојба.

„Заловените кучиња откако ќе се донесат во Лајка поминуваат хуман третман кој подразбира: стерилизација/кастрација, тестирање од заразни болести и лишманија по акредитирана метода-лишманијоза, лекување, прочистување од надворешни и внатрешни паразити, вакцинирање против беснило и заразни болести и микрочипирање“, велат од претпријатието.

Како што објаснуваат од таму, концептот на проектот не е само грижата за благосостојбата на бездомните кучиња, туку да се подобри и процесот на ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица, согласно Законот за пробација, со извршување на општокорисна работа. Со насоки на вработени од ЈП Лајка, осудените лица ќе бидат вклучени во секојдневен третман на кучињата кои ќе бидат на листа за вдомување, што подразбира: хранење, прошетки на отворен простор, учење да одат на поводник, но и нивна социјализација, како исклучителнo важен сегмент пред да бидат вдомени во ново семејство.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе