Конститутивна седница на Советот на Град Скопје во нов состав

Советот на Град Скопје денеска ја почна првата конститутивна седница со новиот состав на советници избрани на локалните избори.

Седницата ја раководеше највозрасниот советник Михајло Маневски, а меѓу присутните беа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, директорите на јавните претпријатија и 44 избрани членови на Советот.

На седницата беше избрана Комисија за верификација, мандатни прашања, признанија, преставки и поплаки на Советот на Град Скопје која треба да ги верификува мандатите на советниците од локалните избори. За претседател беше избран Константин Кратовалиев, а за членови Владо Поповски, Александра Јованоска, Халиде Палоши и Садат Рамадани кои треба да подготват извештај. 

Љубица Јанчева од СДСМ е новиот претседател на Советот на Град Скопје. Неа ја поддржаа 26 советници од вкупно присутни 44, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата гласаа воздржано.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Ирена Мишева по седницата изјави дека ќе бидат конструктивна опозиција во град Скопје и оти ќе се спротивстават на секое незаконие, самоволие, реваншизам и деградирање на луѓето кои се во градската управа и јавните претпријатија. 

„Коце Трајановски на неговиот наследник му остава во градската каса над 834 милиони денари и 365 милиони денари за фасадите на зградите на Град Скопје, кои се во завршна фаза, што претставува повеќе од половина од буџетот на Град Скопје. Јавните претпријатија ги остави во одлична состојба и опремени со соодветна механизација“, рече Мишева.

Од градоначалникот Шилегов таа побара да бидат завршени сите почнати проекти кои, како што рече, се од витално значење за скопјани и исполнување на сите ветени проекти. 

На советниците им се обрати градоначалникот Шилегов, кој рече дека ќе биде отворен за соработка. Очекува Советот да биде активен и заедно да работат и да ги штитат интересите на граѓаните на Скопје. 

Новиот Совет на Град Скопје има вкупно 45 члена. СДСМ има 21 член, ВМРО-ДПМНЕ 17, ДУИ три, БЕСА два, а Алијансата за Албанците и Левица по еден. 

 МИА

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе