По долги години ѓубре и смрдеа

Конечно се исчисти депонијата кај Долно Лисиче, инспектори во иднина ќе „ловат“ несовесни граѓани кои фрлаат ѓубре

По долги години ѓубре, смрдеа, кабест отпад, пцовисани животни, кожи од домашни животни, стаклени шишиња, јоргани, скапано овошје и зеленчук... на местото кај реката Вардар помеѓу Долно Лисиче и Јурумјери денес конечно се гледа чист простор. Општина Аеродром соопшти дека со соработка со Град Скопје е исчистена голема депонија која беше долгогодишен проблем и за која редакцијата на МКД.мк постојано пишуваше, но не добивавме одговор од претходниот градоначалник Златко Марин.

Комуналните служби на Општина Аеродром во соработка со Град Скопје деновиве интензивно работат на расчистување на една од најголемите диви депонии на нејзината територија лоцирана во Долно Лисиче.

Станува збор за депонија создавана со години пред мостот во Долно Лисиче што граничи со Јурумлери. Овој потег преполн со ѓубре, шут и кабаст отпад, покрај тоа што е премногу лоша слика за тој дел од општината, претставува и голема опасност за животната средина и здравјето на жителите.

Депонијата пред да биде исчистена

Општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски велат дека остануваат фокусирани на решавање на горчливиот проблем со дивите депонии. Лоцирани се сите депонии на територијата на Општина Аеродром и активно се работи на нивно расчистување.

Општината воведе и сменска работа на инспекциските служби, кои се постојано на терен и ги едуцираат жителите, а во краен случај и ги казнуваат несовесните граѓани што фрлаат шут и отпад на јавни површини.

„Ова зачестено чистење на депониите дава свој придонес во борбата против загадувањето. Остануваме посветени на одржување и зачувување на јавната чистота затоа што аеродромци заслужуваат да живеат во здрава и хумана средина“, велат од општина Аеродром. 

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе