По речиси осум години

Конечно ќе се расчисти велосипедската патека на Вардар кај МНТ

Јавните претпријатија на Градот од вчера започнаа со расчистување на кејот на Вардар на местото каде беше планирано да се изгради панорамско тркало во рамки на проектот „Скопје 2014“, поради што е затрупана патеката за пешаци и велосипедисти.

Екипите на Град Скопје почнаа да го расчистуваат кејот на реката Вардар околу новиот пешачки мост кај зградата на Македонскиот народен театар, кој не беше прооден за пешаци и велосипедисти речиси осум години, поради планираната изградба на панорамско тркало.

„Изградбата на мостот е готова. Панорамско тркало нема, а сега се работи на конечно ослободување и на оваа делница од кејот, за граѓаните да можат непречено да ја користат“, соопшти Град Скопје и информира дека досега се подигнати 27 кубни метри градежен материјал. 

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе