Комунална хигиена: Отпадот во Скопје се собира седум пати неделно

Несовесното флање отпад на јавни површини, односно надвор од наменски поставените садови ги создава дивите депонии. Секое непрописно одлагање на отпадот надвор од поставените садови претставува прекршување на Законот за јавна чистота и истовремено директно влијае врз загадувањето на животната средина и здравјето на луѓето.

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ што се грижи за одржување на јавната чистота во главниот град, за собирање и транспортирање комунален отпад и за извршување други дејности кои се во негова надлежност, минатата година расчисти и подигна 5.144 кубни метри отпад од диви депонии. Тоа претставува зголемување од 516 проценти во однос на истиот период подигнат отпад од диви депонии во 2017 година.

Оперативната програма за работа на претпријатието предвидува отпадот да се собира шест пати во неделата. Сепак, екипите на „Комунална хигиена“ седум пати неделно, во три смени, го собираат и го транспортираат комуналниот отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот, како и од речиси 600 стопански субјекти со цел хигиената и чистотата во градот Скопје да се покрене на највисоко можно ниво. Само во изминатите 12 месеци собрани се и транспортирани вкупно 140.809 тони комунален отпад. Собраниот и транспортиран отпад во 2018 во однос на 2017 година е зголемен за 2.612 тони или 1,74 отсто.

„Постојано се обидуваме да ја покренеме јавната свест за штетноста од несовесното одлагање на отпадот. Секојдневно ги информираме граѓаните и апелираме до нив својот комунален отпад да го исфрлаат само во контејнерите, кантите и корпите за отпадоци. Во таа насока, претпријатието на граѓаните им овозможува без плаќање паричен надомест својот кабаст отпад, во што спаѓа стариот мебел, електронската и електричната опрема, да го депонираат во нашите Центри за селекција во Карпош и во Вардариште“, изјави директорот на „Комунална хигиена“-Скопје Абдусамед Шабани.

Тој додаде дека секое исфрлање отпад на јавни површини претставува кршење на Законот за јавна чистота и подлежи на санкции.

Лани изготвени 1.400 информативно-едукативни записници за несовесните граѓани

Првпат во текот на изминатата година, еко-патролата нa „Комунална хигиена“ реализираше голем број акции во координација со комуналните редари од Инспекторатот на Град Скопје. Притоа беа изготвени 1.400 информативно-едукативни записници за несовесните граѓани што го прекршуваат Законот за јавна чистота, односно непрописно го фрлаат својот кабаст отпад и градежен шут на јавни површини.

„Акциите и дежурствата на терен резултираа со намалена појава на диви депонии и непрописно одлагање отпад, а се надеваме дека истиот тренд ќе продолжи и во текот на оваа година“, вели Шабани.

Тој потсети дека изминатата година се спроведоа повеќе акции за генерално чистење на сите скопски општини, засилени активности за чистење на кејот на реката Вардар и рачно миење на поголемите булевари и улици во градот. Од октомври  2018 година претпријатието го презема собирањето и транспортот на комуналниот отпад во урбаниот дел на општината Сарај, како и во спортско-рекреативниот центар „Матка“.

Минатата година еко-патролата и комуналните редари извршија дежурства на неколку микролокации во повеќе скопски општини, како и на локациите каде се поставени подземни контејнери во општина Центар. Во рамки на акциите интервенираше и Дежурната служба при „Комунална хигиена“-Скопје.

Лани беа отстранети повеќе диви депонии во Скопје. Во скопската општина Шуто Оризари екипите на „Комунална хигиена“ расчистија вкупно 390 кубни метри дива депонија составена од градежен шут, кабаст и мешан комунален отпад.

Во рамки на координирана акција со Инспекторатот на Град Скопје, екипите на „Комунална хигиена“ чистеа и огромна дива депонија лоцирана во приватен двор во скопската населба Лисиче. Од таму беа подигнати и транспортирани 300 кубни метри кабаст и мешан комунален отпад.

Беше расчистена и дивата депонија што се протегаше на булеварот „Никола Карев“, на потегот од касарната „Илинден“ до семафорите кај Момин поток. Во рамки на акцијата беа собрани и транспортирани приближно десет кубни метри кабаст отпад, градежен шут и мешан комунален отпад.

„Комунална хигиена“ спроведе акција за чистење огромна дива депонија лоцирана во скопската општина Сарај. Во рамки на акцијата беа подигнати и транспортирани приближно 350 кубни метри мешан комунален отпад, кабаст отпад и градежен шут.

Од еко-патролата велат дека и претстојниот период ќе продолжат со координирани акции во сите скопски општини.

Минатата година вкупно 490 дотраени контејнери на 140 микролокации во сите скопски општини беа заменети со нови садови, а се изврши миење и дезинфекција на сите поставени контејнери во градот, како и на нивните микролокации.

Потребна е поголема свесност и едукација

Од „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните да престанат да го исфрлаат отпадот на јавни површини бидејќи на тој начин се загадува животната средина. Потсетуваат дека со своите специјални возила на граѓаните им ја нудат услугата за собирање и транспорт на кабастиот отпад од нивните домови.  За сите информации можат да се обратат на бр: 0800 22233 или на дежурниот телефон 3/216-644.

„Ние знаеме дека навиките се стекнуваат од најмала возраст и токму затоа во изминатите 12 месеци нашата служба за едукација одржа предавања за правилното постапување и селекција на отпадот во 37 основни училишта и 20 градинки во девет скопски општини, при што се едуцирани 1.775 деца. Во истиот период минатата година бевме активни само во 19 училишта во четири скопски општини, а едуцирани се 980 деца“, информира „Комунална хигиена“.

Нагласуваат дека ќе настојуваат да го задржат и надминат квалитетот на своите услуги и активности бидејќи скопјани заслужуваат да живеат во  почист, поубав град и во здрава животна средина.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе