ДЕМАНТ

„Комунална хигиена“: Неточни се наводите на „Анима мунди“ за стационарот „Вардариште“

ЈП „Комунална хигиена“ Скопје со соопштение до медиумите ги демантира наводите и тврдењата на Здружението „Анима мунди“, кое денеска реагираше и обвини дека „изживувањето во скопскиот стационар во „Вардариште“ со животните не запира, а кучињата се убиваат со едноставен едностан заклучок дека тие се згресивни“. 

„Би сакале да ве информираме дека во рамките на работата на стационарот „Вардариште“, бездомните кучиња се заловуваат од страна на опремена и обучена Служба за хуман третман и контрола, по што се транспортираат во Стационарот, каде што е ангажирана екипа од ветеринарни доктори што ја проценуваат здравствената состојба на кучињата. Здравите единки се подложуваат на третман на стерилизација, се прочистуваат од внатрешни и надворешни паразити, се вакцинираат од беснило, по што во Стационарот се задржуваат максимум десет дена, а не два месеца, како што се тврди здружението“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

Доколку за тоа време кучињата не бидат вдомени, тврдат од претпријатето, кучињата се враќаат на изворната локација на којашто биле заловени.

„Од друга страна, пак, спротивно на тврдењата во здружението, во Стационарот се еутаназираат само оние кучиња за коишто ветеринарната екипа ќе процени дека се заболени, или имаат видливи повреди при што трпат болка, премногу старите, како и прекумерно агресивните кучиња.  Неточни се и наводите за условите во коишто се сместени кучињата. ЈП ’Комунална хигиена’ и Градот Скопје перманентно работат на подобрување на условите во стационарот ’Вардариште’, во секој поглед. Во таа насока, неодамна се пуштени во употреба нови педесет бокса (наменети за сместување на по едно куче), сменета е електричната инсталација, изведена е вентилација и изолација, спроведено е парно греење со посебна потстаница и е инсталирано ново внатрешно и надворешно осветлување во објектот. Во однос на спроведувањето на Програмата за хуман третман на животните и потребните хигиенско-технички стандарди, Стационарот е под инспекциски надзор на Агенцијата за храна и ветерина на РМ“, стои во соопштението - демант од ЈП „Комунална хигиена“. 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе