Дваесет работници од трета смена

„Комунална хигиена“ ги расчисти дивите депонии околу зградата на МРТ

„Комунална хигиена"-Скопје ги чистеше депониите околу реонот на Македонската радио-телевизија, пасошкото одделение на МВР, потегот кон МКЦ и МАНУ и кејот „Димитар Влахов".

Од претпријатијето информираат дека дваесет работници од третата смена во целост ги отстранија дивите депонии што континуирано се создаваат во овој дел од градот, а извршено е и машинско миење со автоцистерна.

ЈП „Комунална хигиена"-Скопје апелира до граѓаните и институциите совесно и одговорно да постапуваат со својот отпад, затоа што без нивната поддршка не може да се сочуваат хигиената и чистотата на нашиот град.

Секое исфрлање на отпадот на јавни површини, посочуваат, претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загадува животната околина.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе