„Комунална хигиена“ апелира во контејнерите да не се фрла градежен отпад

Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје изминатите денови во скопската оштина Чаир, регистрирала огромно количество неправилно одложен градежен отпад во контејнерите поставени на улицата „Благоја Паровиќ“, па екипите на претпријатието морале рачно да го извадат градежниот отпад, за да може да го префрлат и транспортираат со соодветни возила.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, преку соопштение ги информира граѓаните дека, според Законот за јавна чистота, отпадот којшто се создава при извршувањето на градежните активности или реновирањето на живеалиштата, не смее да се фрла во контејнерите поставени на јавни површини. Градежниот отпад, според претпријатието, може трајно да ги оштети контејнерите, како и специјалните комунални возила, а со тоа да предизвика и сериозни проблеми при собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот.

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе