Јавен или приватен бизнис интерес

Кој лаже – Бочварски или Богдановиќ? Има или нема елаборат за суспензија на планот кај Холидеј ин?

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ деновиве на неколку гостувања по телевизиските дебати за актуелната тема за објектите што се планирани да се градат на паркингот пред хотрелот Холидеј ин вели дека до Министерството за транспорт и врски испратил елаборат за суспензија на ДУП-от за тие парцели. Од Министерството за транспорт велат дека таков елаборат не добиле.

Според одлуката на Советот на општина Центар донесена уште пред 4 месеци, Богдановиќ е задолжен да побара суспензија за ДУП-от и за тоа да достави соодветен елаборат. Инвеститорот на објектот кај Холидеј ин пред два дена веќе ги уплатил комуналиите, но таков елаборат никаде нема. Ние испративме до Министерството за транспорт и врски уште во декември, тврди Богдановиќ. „Моментот е што таму и од дел од институциите треба да ни се дообјаснат одредени методологии како да пристапиме. Бидејќи елаборат е општ поим, значи дали е тоа елаборат за нарушување на животната средина или за јавниот интерес. Што е јавен интерес, кога најголем дел од парцелите се приватни… Тоа треба јасно да ни се дефинира. Значи ние треба да кажеме што е тоа што планираме, а што треба да се направи и дали навистина влегува во тој дел што денеска го дискутираме. Така да, ние испративме едно барање, очекуваме одредени допрецизирања за да видиме што треба да се дополни“, дообјаснува Богдановиќ.

По уплатата на комуналиите, остануваат уште 10 дена пред да се издаде дозвола за градба, а градоначалникот Богдановиќ бара некој да му допрецизира за каков елаборат станува збор. „Не можел во изминативе 4 месеци да утврди каков елаборат се бара, комисијата за урбанизам да го изготви и да го испрати? Кој кого тоа влече за нос тука“, прашуваат од граѓанското здружение 02 иницијатива. Активистите го повикуваат и Министерството за транспорт и врски да не го гледа молчешкум урбаниот хаос што се случува во сектор со кој управува, а влијае на добробитта и здравјето на илјадници во нашата општина, соседство и маало. 

„Потребна е јасна и брза реакција од институциите во однос на неусогласениот ДУП, кој е на сила и каде се вцртани висококатниците, со постоечкиот ГУП на Град Скопје. Ова е повик и до градоначалникот Саша Богдановиќ, ако не ја доставил точно бараната документација потребна за суспензија на ДУП-от, односно не го поднел бараниот стручен елаборат за суспензија на применувањето на ДУП-от, изработен од комисијата за урбанизам на Општина Центар, до Министерството за транспорт и врски, тоа да го направи ВЕДНАШ.
Барањето е поткрепено со низа аргументи кои покажуваат дека за последниот слободен простор во центарот на градот треба да има јавен конкурс за да се избере најсоодветно решение“, велат од 02 иницијатива.

Бројни невладини организации, граѓански здруженија, архитекти, урбанисти… бараат заштита на јавниот интерес и на хуманото урбано живеење.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе