Кои се почесните граѓани на Скопје – Иван Рибар, Тито, норвешкиот крал Олаф, Мајка Тереза, милијардерот Тара...

ТРТ Балкан направи листа на сите почесни граѓани на македонската метропола Скопје. Градот има 16 почесни жители, од сите страни на светот. Првиот е прогласен во 1921 година, а последниот во 2012 година.

Почесен граѓанин на некој град не може да биде секој. Тоа мора да се заслужи. Да се биде почесен граѓанин на еден град е посебна чест и статус кој го доделува градот на заслужни граѓани.

Оваа титула најчесто ја добиваат странци кои направиле нешто достојно и вредно за жителите на градот што им ја дава титулата. Оваа чест е симболична, но доста значајна. Праксата на прогласување почесни жители на еден град е присутна и на Балканот.

ТРТ Балкан направи листа на сите почесни граѓани на македонската метропола Скопје. Градот има 16 почесни жители, од сите страни на светот. Првиот е прогласен во 1921 година, а последниот во 2012 година.

За прв почесен граѓанин на Скопје во 1921 година е прогласен д-р Иван Рибар. Тој бил југословенски политичар и еден од најблиските соработници на Тито. За почесен граѓанин е прогласен на вонредната свечена седница на Општинскиот одбор на 7 мај 1921 година.

Д-р Иван Рибар бил претседател на уставотворното собрание на Кралството Југославија, учесник во НОБ од 1941 и претседател на Првото и Второто заседание на АВНОЈ.

Претседателот на СФРЈ Јосип Броз-Тито бил прогласен за втор почесен граѓанин на Скопје, дваесет и пет години по прогласувањето на првиот почесен жител на градот.

Оваа чест на Тито му била укажана во 1946 година, по завршување на Втората светска војна. Инаку Тито неретко патувал во Скопје каде бил срдечно дочекуван. Се смета дека 16 пати го посетил Скопје и тоа за првпат на 11 октомври 1945 и за последен пат на 5 октомври 1978 година

Неговите зборови по катастрофалниот земјотрес во 1963 се запишани на натписот кој стои на старата и разрушена Железничка станица.

„Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме со помошта на целата заедница. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност“, рече Тито на 27 јули 1963 година во Скопје.

Полјаците Владислав Гомулка и Јозеф Циранкиевич се прогласени за почесни граѓани на Скопје во ист ден, на 16 ноември 1965 година. Гомулка е првиот секретар на Полската обединета работничка партија (ПОРП), а Циранкиевич, бил претседател на Министерскиот совет на Полска. Инаку Полска е еден од донаторите за град Скопје по земјотресот, а полскиот архитект Адолф Циборовски бил назначен да ја надгледува реконструкцијата на градот. Полска донирала 60 монтажни куќи со греење за жртвите од земјотресот. Се наоѓале во населбата Тафталиџе. Како полска помош за градот добиени биле варијанта за просторно решение на урбанистичкиот план на Скопје и зградата на Музејот за современа уметност, како и средното училиште „Мариа Кири-Склодовска”.

Почесен жител на Скопје во 1966 година станал и норвешкиот крал Олаф V. Тој станал почесен граѓанин за време на неговата посета на 7 септември 1966 година. Олаф V бил крал на Норвешка од 1957 година па до смртта во 1991 година. Поради неговиот приземен стил на владеење бил многу популарен меѓу граѓаните и бил наречен „народниот крал“.

Бурманскиот дипломат и Генерален секретар на ООН, У Тант беше прогласен за почесен граѓанин на Скопје во 1970 година. Дел од предизвиците со кои се соочи како прв човек на ООН беше Кубанската ракетна криза од 1962, една од најголемите кризи во времето на Студената војна, војната во Конго, Виетнамската војна каде ја критикуваше САД. Беше избран за Генерален секретар во два мандати и одби трет мандат.

Нобеловката Мајка Тереза, која по смртта беше прогласена за светица, за својата хуманитарна работа има добиено повеќе од 700 награди. Се смета за најнаградуваната личност на XX век.

Таа била прогласена за почесен граѓанин на Скопје на 27 јуни 1980 година од тогашниот претседател на Собранието на Скопје- Методи Антов. Мајка Тереза била во Скопје кога и била укажана оваа чест и изјавила дека „признанието од моите сограѓани ми е посебно мило и ќе го чувам поблизу до срцето.“

Инаку познат факт е дека Мајка Тереза е родена како Гонџа Агнес Бојаџиу на 26 август 1910 година, на тогашната улица „Поп Кочина“ број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија. Таткото на Гонџа, Никола Бојаџиу бил и член на Советот на Скопје како единствен католик.

Во 1983 година за почесен граѓанин е прогласен и Френк Манинг, британски донатор кој помогнал да се обнови разурнатиот град по земјотресот. На негова иницијатива секоја година се доделува награда за студенти која го носи неговото име. Во 1977 тој престојувал во Скопје и изразил желба секоја година да им се доделува награда на најдобрите студенти во завршна година на студии од областа на архитектурата и општествените науки.

По подолг застој во прогласувањето на почесни граѓани, по осамостојувањето на земјата прв ваква титула добил италијанецот Умберто Ватани. Тој е прогласен за почесен граѓанин во знак на благодарност за активната заложба да помага на дипломатскo, политичкo, економскo и културно пoлe.

Истата 2005 година оваа титула ја добил и турскиот милијардер Шарик Тара кој има потекло од Скопје. Тој потекнува од семејството на Јигит Паша, познат како „освојувачот на Скопје“. Тара почина во 2018 година во Туркије. Инаку како основач и почесен претседател на ЕНКА, Шарик Тара, според последната листа на Форбс на „најбогати 100 Турци“, со богатство од 2,5 милијарди долари се наоѓа меѓу оние од 5. до 7. место.

На 26 јули 2008 година тројца дипломати станаа почесни граѓани на Скопје-Американците Лоренс Иглбергер и Кристофер Хил и Швеѓанецот Торвалд Столтенберг кои во голема мера помогнале не само на градот туку воопшто на државата во насока кон меѓународните интеграции.

На ист ден за почесен граѓанин е прогласен и Германецот Вернер Трини кој како вработен за Град Нирнберг, кој е збратимен со Скопје, дал голем придонес за македонската метропола организирајќи голем број културни манифестации, донаторски и хуманитарни акции.

Поранешниот претседател на Црна Гора Филип Вујановиќ и Американецот Ричард Њухајзел се последните кои го добиле признанието-почесен граѓанин на Скопје во 2012 година.

Вујановиќ како политичар работел на приближување на двете држави и подобрување на македонско-црногорските односи, но и во насока на поголема соработка помеѓу збратимените градови-Подгорица и Скопје.

Њухазел е градски советник во малиот град Темпи кој се збратимил со Скопје и за првпат во 70-тите години на минатиот век, во екот на Студената војна, започнал соработка со некој град од Источна Европа што се сметал за „историски подвиг“. Главно збратимените градови посредувале до културни посети и размена на студенти.

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе