„Кога пилите ќе стивнат” - дебармаалци утре ќе протестираат за сечењето на дрвата на „Орце Николов”

Под паролата „Кога пилите ќе стивнат”, утре точно на пладне во близина на ресторанот „Пепер“ во Дебар Маало ќе се одржи мирен граѓански протест во знак на револт од сечењето на дрвјата при реконструкцијата на улица „Орце Николов“ од службите на Општина Центар.

Протестот е во организација на коалицијата на локални граѓански здруженија „Зелен хуман град”, и има поддршка од сите релевантни фактори во областа на екологизмот и урбанизмот.

„Како причина за овој протест го наведуваме неодговорниот и манипулативен однос на властите, кои го оправдуваат овој најнов масакр врз кревкото градско зеленило со наводна дотраеност на дрвјата, иако повеќето од исечените дрвја беа со зелени крошни и обезбедуваа воздух и сенка за локалните жители. Со ваквите нетранспарентни и антинаучни одлуки, властите потврдуваат дека немаат никакво разбирање за критичната состојба со животната средина, и дека немаат слух за потребите на скопјани”, велат организаторите.

Според најавата на протестот, активистите и граѓаните најпрвин ќе застанат во круг околу „местото на злосторот”, и со минута молк и оставање цвеќиња ќе им оддадат почит на дрвјата кои беа последната колатерална штета на, како што велат, разулавената градежна офанзива. По овој симболичен гест, протестот ќе биде префрлен кај дрвјата во близина на Синдикат кои се уште стојат, но се планирани за сечење, со цел да се испрати порака кон властите дека е неодржливо и недозволиво да се продолжи со ваквиот екоцид.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе